BootUSB

Damjan Georgievski edited this page Oct 28, 2018 · 2 revisions

Знам дека постојат алатки кои го прават истото, но оваа е за тие што сакаат да знаат повеќе. Плус со овој метод не мора да го бришеш usb-то.

Идејата е од .iso image на Ubuntu да се добие boot-абилно USB стикче. Па да почнеме (во примерите ќе користам /dev/sdc како USB device]:

Прво ги mount-ираме .iso-то и USB-то

modprobe loop
mount -o loop $HOME/Downloads/ubuntu-9.10-desktop-i386.iso /mnt/cd

mount /dev/sdc1 /mnt/usb

Потоа ја копираме целата содржина од .iso-то на USB-то, јас ќе употребам rsync, но и обичен cp е доволен ако пазите да го ископирате скриениот .disk директориум.

cd /mnt/cd
rsync -av . /mnt/usb/

Следи инсталација на boot loader-от. Бидејќи USB-то користи FAT32 фајлсистем ќе употребиме syslinux boot loader. Тоа е пандан на isolinux кој се користи за boot-абилните CD-а (името доаѓа од iso9660, тоа е фајлсистемот кој се користи за CD-а и сл).

cd /mnt/usb/
mv isolinux/ syslinux/
mv syslinux/isolinux.cfg syslinux/syslinux.cfg
syslinux -d syslinux /dev/sdc1

Со тоа, syslinux boot loader-от е инсталиран на првата партиција (sdc1) на USB-то. Останува само последниот чекор, а тоа е инсталирање на Master Boot Record на самото USB (а не во партицијата). За тоа ќе го искористиме стандардното MBR кое доаѓа со syslinux:

dd if=/usr/lib/syslinux/bios/mbr.bin of=/dev/sdc

Напомена: важно е да се примети разликата, во горните команди syslinux се инсталира во партицијата (на sdc1), но mbr-то се инсталира директно на дискот (на sdc).

И толку.. овој метод е пробан на ubuntu-9.04, 9.10, 10.x, 11.x, 12.04. Треба да работи со сите понови ubuntu-а (но можеби не на 8.10).

EXT4

За напредните корисници: доколку сакаме USB стикчето да го форматираме како EXT4 фајлсистем (а не FAT32 кој има многу ограничувања), процедурата е слична како погоре, со тоа што:

  • config фајлот нема да биде syslinux/syslinux.cfg туку syslinux/extlinux.conf
  • командата е extlinux -i /mnt/usb/syslinux додека е mount-ирано usb-то

За USBиња е препорачано да се форматираат како EXT4 без journal, со командата:

mkfs.ext4 -O ^has_journal /dev/sdc1
You can’t perform that action at this time.
You signed in with another tab or window. Reload to refresh your session. You signed out in another tab or window. Reload to refresh your session.
Press h to open a hovercard with more details.