3D Corner претставува веб апликација која им овозможува на корисниците да се регистрираат и да ги објавуваат своите 3D креации во форма на 2D рендерирани слики, заедно со име и опис за истите. Покрај ова, артистите можат да пребаруваат други корисници и да ги гледаат нивните објави, како и да ставаат реакции на објавите. Оваа апликација му овозможува на артистите да ја користат како свое професионално 3D портфолио кое можат да го споделуваат кога ќе аплицираат за работа кај клиенти и компании кои имаат потреба од 3D артисти.
Линк до видео презентација на проектот: https://youtu.be/jnK8ITDypVU
Backend делот од апликацијата е изработен со Java Spring Boot и PostgreSQL релациона база на податоци, додека пак Frontend делот од апликацијата е пишуван во Thymeleaf (Java template engine). Дополнително искористено е и JavaScript и jQuery за креирање на интерактивен интерфејс, како и Bootstrap за дизајн.