ПрваПомош++ претставува веб базиран систем кој ќе му овозможува на корисниците на интуитивен начин да ги научат сите потребни детали и техники потребни за давање на прва помош. Давањето на прва помош е вештина која секој човек е потребно да ја има но за жал во нашето општество свесноста и заинтересираноста за оваа тема се на ниско ниво.
Системот ќе биде користен од хетерогена група на различни типови на луѓе меѓу кои: млади тинејџери, возрасни лица и постари лица кои без потешкотии можат да ракуваат со паметен телефон или компјутер. Специфична подгрупа на корисници се лицата кои се спремаат да полагаат испит за прва помош кој им е потребен за различни цели како: полагање за возачка дозвола, добивање на сертификат за безбдност на работно место и слично.
Системот е имплементиран како централизирана веб апликација која сега за сега има комплетно функционален интерфејс за десктоп компјутери. Системот може да го користат само автентицирани корисници.
Системот има два главни дела: дел за учење, преку кои корисниците преку видео и текст материјали можат да ги научат најважните работи поврзани со темата која ја одбрале, и дел за тестирање, каде корисниците можат да го проверат своето знаење преку решавање на тест од прашања кои што се паѓаат на самите испити за прва помош.
За секој корисник се зачувуваат неговите достигнувања и со тек на време системот според перформансите кои ги покажал корисникот му доделува сертификати во форма на беџови кои се прикажуваат на профилот на корисникот.
Системот е имплементиран како Java Spring апликација со Thymeleaf template engine во која се искористени повеќе други технологии и библиотеки: Bootstrap, HTML, CSS, JavaScript, jQuery, AJAX, BootBox како и PostgreSQL база на податоци.