Линк до видео презентација на проектот: https://youtu.be/wJf0mtVAKvg
3D Manager е апликација наменета менаџирање на проекти на фриленсери кои се занимаваат со 3D моделирање и рендерирање. Самата апликација овозможува фриленсерите да се поврзат со клиентите. При активирање на проект помеѓу фриленсерот и клиентот ќе се генерираат низа од активности кои ќе овозможат корисникот да го прикажува и ажурира текот на проектот (нешто слично како во агилните методи за програмирање), а воедно и клиентот ќе може да го следи целиот процес на работа на фриленсерот.Апликацијата нема да овозможува систем за наплата и трансфер на средства помеѓу клиентите и фриленсерите, туку ќе служи како помошен систем за подобра и поефективна координација на проектите.Фриленсерите ќе можат да прикачуваат и додаваат задачи на секој проект, да го менуваат статусот на задачите, да пуштаат нотификации кон клиентите и слични активности, додека пак клиентите ќе можат да го следат напредокот на проектот, да оставаат коментари на задачите, да потврдуваат дали одредена задача е добро завршена, да побараат ревизија на одредена задача и слично. Ова сценарио е погодно за дизајнирање со DDD затоа што има изобилство на бизнис процеси кои многу поприродно и подобро ќе бидат имплементирани со алатките од DDD отколку со стандардна CRUD апликација
Frontend делот од овој проект е креиран со React. За дизајнот искористен е Bootstrap. Во однос на автентикација и авторизација, искористени се JWT за stateless конекција помеѓу корисниците и серверот.