-Почетна форма со избор мени за Нова игра,Мешање на овошна салата,Водич за играта и копче за излез од играта -Во Главана игра
При клик на копчето NEW GAME откако ќе биде внесено вашето име, се отвара нов прозорец во која започнува Главната игра. Откако одбројувањето за почетокот на играта ќе заврши ,започнува генерирање на рандом овошки од кои дел од нив се скапани а дел од нив се здрави. Главната задача е да се избегнуваат скапаните овошки и да се ловат здравите со движење на кошницата ,држејќи ги стрелките.
При секоја уловена здрава овошка добиените поени се зголемуваат за 10 ,а доколку овошката е скапана поените се намалуваат за 5 . Откако ќе се постигне одреден број на Погодоци,односно собрани здрави овошки брзината на овошките се зголемува . Во горниот дел на играта се ажурираат бројот на животите кои се преостанати во соодветната игра ,кои се намалуваат со фаќање на скапана овошка. Кога бројот на животи ќе дојде до 0 ,играта завршува и се појавуваат конечните резултати каде што се избира дали сакате да се вратите на главното мени или пак да играте нова игра.
-Во Мешање на овошната салата
При клик на копчето Mix a fruit salad, ви се појавува поле каде мора да го внесете името доколку сакате да почнете нова игра. Во истата на случаен начин се генерираат овошки, банани, јагоди, јаболки и крушки. Главната задача на оваа игра е да ги соберете соодветните случајно генерирани овошки, мрдајќи ја кошничката лево и десно со соодветните стрелки. Внимавајте на timer-от кој се наоѓа на левата страна од формата, при што на секои 5 фатени скапани овошки ви се намалува преостанатото време од играта. Доколку timer-от истече ви се појавува избор дали сакате да ја играта играта уште еднаш или да се вратите на главното мени. Откако ќе ги соберете овошките од одредени типови, не ви се зема за зло доколку уловите здрава овошка.
-Во Help Tука се наоѓа краток опис со главните упатства за играта :)
-Во Quit
При клик на копчето Quit ви се појавува избор дали сакате да останете на менито или да ја исклучите играта.